Бившата претседателка на Јужна Кореја Парк Геук Хје ја помина првата ноќ во затвор, откако беше уапсена поради обвиненија за корупција и злоупотреба на службената положба.
Таа сега е позната како „затвореникот број 503“ и се наоѓа во самица со големина од 10,6 квадратни метри, што е речиси двапати поголема од обичните самици од 6,5 квадрати.
Пред тоа таа е фотографирана за полициското досие, а добила и затворска униформа, ќебе и послужавник за во менза.
Чуварите кои ја испратиле велат дека таа се расплакала кога ја видела ќелијата.
Портпаролот на Окружниот суд во Сеул вчера соопшти дека поранешната шефица на државата е уапсена под сомение за неколку кривични дела.