Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Затворите со години се предмет на критика од меѓународните институции

1
By Нова ТВ on September 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лошите услови во затворите ширум Македонија, за што денеска констатираше и премиерот Зоран Заев кој го посети затворот „Идризово“, не се изненадување ако се земе в предвид дека условите се предмет на критика постојано од страна на Комитетот за заштита од мачење и нечовечко или понижувачко постапување или казнување на Советот на Европа (КСТ), од 2006 наваму.

„Овде нема минимум хумани услови за издржување на казна“, изјави Заев по денешната посета на која беше заедно со народниот правобранител Иџет Мемети и извршниот директор на Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Уранија Пировска.

Воедно како што рече тој, срам у е што премиер на држава во која затворските услови се надвор од сите стандарди.

Дека тоа е така последен пат алармираше и Комитетот за заштита од мачење и нечовечко или понижувачко постапување или казнување на Советот на Европа (КСТ), во својот минатогодишен извештај за состојбата со затворите во Македонија, кога потенцираше дека е длабоко загрижен за условите во кои затворениците ја издржуваат својата казна.

„Во затворот Идризово (во кој се сместени 2/3 од вкупниот број затвореници во државата) има голем број на пријави за намерно измачување од персоналот, големо е присуството на насилство меѓу затворениците особено во некои оддели. Нема доволно персонал во Идризово, како и активности за затворениците. Нема програма за ресоцијализација. Условите за притвор се нехумани и деградирачки и пренатрупани. На затворениците не им се овозможуваат активности и поминуваат 22 часа во еден ден внатре во својата ќелија“, се вели во извештајот кој КСТ го објави.

Воедно во извештајот се најде и забелешката за Воспитно-поправниот дом Тетово кој се наоѓа во Велес, каде што се задржуваат малолетници. Ситуацијата таму во извештајот е презентирана како „неприфатлива“.

„Добиени се многу обвинувања за нехумано постапување врз малолетници од страна на персоналот а ништо не е преземено и по обвинувањата за меѓусебна пресметка (вклучувајќи и случај на силување). Нема програма за активности и влошени се условите од нашата последна посета во 2011 година“, забележано е во извештајот.

По објавувањето на извештајот во март 2016 година, КСТ беше во изненадна посета на Идризово од 6 до 9 декември минатата година а останаа само истите забелешки без преземено дејствување од страна на властите.

Народниот правобранител Иџет Мемети, денеска потенцираше дека по 12 години откако Омбудсманот реагирал на лошите услови во затворите, сегашната Влада на РМ покажала волја дека ќе се нафати да го реши проблемот со затворскиот систем.

„Под тоа решение јас не подразбирам само решавање на просторните услови кои се градат неколку години. Проблемот со затворски ситем не се само условите, туку многу повеќе, како на пример начинот на менаџирање кој е многу лош и конфузен“, истакна Мемети.

Советот на Европа исто така укажува дека македонските затвори се пренатрупани и по овој критериум Македонија е на трето место во Европа.

„Во затворите има повеќе затвореници отколку што условите на затворот дозволуваат“, заклучува последниот извештај на Советот на Европа за состојбата на затворите во Европа.

Според извештајот во 2014 година Македонија е трета на списокот за пренатрупаност на затворската популација. Пред нас се само Унгарија и Белгија.

Затвор Идризово КСТ услови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.