Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Завод за статистика: Лани нови 866 дивоградби, десет и на државата

0
By Нова ТВ on June 17, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На територијата на државава минатата година се регистрирани 866 бесправно изградени објекти од кои 160 за домување, покажуваат податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика. Анализата на статистиката според видот на објектот, покажува дека нелегатлно се изградени и 94 доградби, надградби и адаптации, 55 деловни објекти, 64 гаражи, 196 огради, 14 скалила, 27 тераси, 46 летни тераси, 92 натстрешници, 14 времени објекти и 104 помошни објекти.

Најголем број бесправно изградени објекти (852 или 98,4 отсто) се приватна сопственост, додека има и 10 дивоградби во државна сопственост.

Во главниот град се регистрирани 153 дивоградби од различен вид. Најмногу во Чаир, 45, по што следува Ѓорче Петров со 39, Бутел со 37, Кисела Вода 22, Шуто Оризари 10. Во останатите општини низ државата, во Кавадарци се регистрирани 85 дивоградби, во Струмица 73, во Штип 64, во Охрид 59, во Куманово 53, во Струга 46, итн.

Од дивоградбите со намена објекти за домување во Скопје се регистрирани 27 од кои 18 во Бутел, додека во Куманово и во Струга има по 13 такви објекти, девет во Струмица, осум во Охрид, шест во Штип, итн. Скопје е рекордер и по број на нелегални тераси (46) при што 40 од нив се на територијата на Шуто Оризари.

Во декември лани Владата усвои Предлог закон за легализација и тој влезе во собраниска процедура, но не беше изгласан, откако беше распуштено Собранието за планираните предвремени парламентарни избори за 12 април што подоцна беа одложени поради кризата со Ковид-19. Со законот се предвидуваше нов рок за легализација на дивоградби за периодот од март 2011 до октомври минатата година, односно дивоградбите што не беа опфатени со актуелниот закон. Исклучок од можноста за легализација беа дивоизградените згради, надградбите на зградите, проширените тераси, како и дивоградбите во заштитеното подрачје на Охридскиот регион. За легализација требаше да се платат комуналии плус казна од 50 проценти од износот за комуналии.

Со актуелниот Закон за легализација можеа да се легализираат дивоградби изградени до март во 2011 година, а во роковите што се продолжуваа во два наврата беа поднесени 430.000 барања за легализација. Беа легализирани околу 250.000 дивоградби, а околу 100.000 беа во процедура.

дивоградби Завод за статистика Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.