Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши акцијата на Косово: Уапсени најмалку 19 лица, Србија ја подигна борбената готовност

0
By Нова ТВ on May 28, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 28, 2019 15:13

Акцијата на специјалните единици на косовската полиција РОСУ, што започна денеска во раните утрински часови во северно Косово, но и во неколку други делови на земјата, заврши нешто по 13 часот, јави МИА од Приштина.

Медиумите известуваат дека косовските специјалци веќе се целосно повлечени од областите на северот од земјата населени со мнозинско српско население.

Косовската полиција соопшти дека во акцијата за борба против организираниот криминал, спроведена во општините Звечан, Зубин Поток, Лепосавиќ, Северна Митровица, Јужна Митровица, Србица и Глоговац, се уапсени неколку граѓани и неколку полициски службеници од различни националности – Албанци, Срби и Бошњаци, кои се осомничени за шверц на стоки, злоупотреба на службена положба, давање поткуп, недозволена трговија и други кривични дела.

Полицијата информира и дека наишла на вооружен отпор во северно Косово, како и на блокади на патиштата, за кои била принудена да ги употреби потребните средства за отворање на патиштата заради продолжување на операцијата.

– Како последица на создадените пречки и попречувањето на полициските дејствија на терен од страна на некои граѓани на север од Митровица, полицијата во полициска станица приведе и неколку граѓани инволвирани во овие случаи, соопшти полицијата.

Ги повика граѓаните да не подлегнуваат на различните провокации, бидејќи, како што вели, „полициската акција има за цел борба против криминалот и е во интерес на сите граѓани и на државата“.

Според се уште официјално непотврдени информации, што ги објавија некои косовски медиуми, во денешната акција се уапсени 19 полициски службеници и деветмина цивили.

Претседателот на Косово Хашим Тачи, по состанокот со челниците на безбедносните структури, изјави дека има информација оти меѓу уапсените е и еден руски државјанин, кој се претставувал како дипломат и се обидувал да ја спречи полицијата во вршењето на својата работа.

Тачи во изјава за новинарите нагласи дека полициската операција е исклучиво со цел спречување на организираниот криминал и дека не е насочена против ниту една етничка заедница.

Србија ја подигна борбената готовност

По наредба на српскиот претседател Александар Вучиќ подигната е борбената готовност во Србија.

-Ако постои загрозување на поредокот и животите на луѓето во северниот дел на Косово, нашата армија ќе го заштити нашиот народ, рече Вучиќ во српскиот Парламент.

Во Белград е свикана и седница на Советот за национална безбедност, а Вучиќ ги предупреди претставниците на ЕУ дека Србија ќе реагира, доколку единиците на РОСУ не се повлечат од Северно Косово, а од сојузниците Русија и Кина очекува „секаква помош“.

Вучиќ  денеска нагласи дека во акцијата на специјалните единици на Косово, наречени Росу, уапсени се 23 лица од српската и бошњачката националност во северниот дел на Косово, претежно членови на косовската полиција.

РТС/Танјуг

Според него, тоа е обид „за целосна криминализација на нашиот народ“.

Според него, досега на територијата на северниот дел на Косово специјалните единици упаднале со 73 претежно оклопни возила, додека повеќе од 50 возила чекаат во јужна Митровица, 15 во општина Србица, а осум се веќе испратени во реонот на општина Зубин Поток.

– Досега се уапсени 23 лица од српската и бошњачката националност на територија на три општини – Косовска Митровица, Лепосавиќ и Зубин Поток, рече Вучиќ.

Тој потсети дека Белград имал сознанија дека тоа ќе се случи и дека на домашната и меѓународната јавност и претставниците на ЕУ на 17 мај оваа година им било предочено дека на Косово се подготвува апсење на десетици лица во северниот дел, под изговор за борба против организиран криминал и корупција, и дека тоа ќе предизвика голема вознемиреност и страв кај Србите.

Тој додаде дека ова утро, во 6.29 минути како врховен командант, наредил целосна борбена готовност на српската армија.

Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, утринава изјави дека „акцијата на косовската полиција е осмислена заради заплашување и протерување на Србите од Косово и преставува најдиректна закана за стабилноста и мирот“.

КФОР со апел до граѓаните да не се плашат

Командантот на Меѓународните сили на Косово (КФОР), италијанскиот генерал Лоренцо Д’Адари денеска ги повика косовските граѓани да останат мирни, порачувајќи им дека нема од што да се плашат. Д’Адари апелираше до „сите страни во Косово“ да ги решаваат споровите мирно и одговорно и без употреба на сила и насилство.

РТС

 

КФОР во соопштение нагласува дека косовската полиција спроведува полициска операција на целата територија на Косово врз основа на налози за апсење издадени од страна на Суд во Приштина во рамки на истрага поврзана со корупција.

– КФОР потврдува дека ова е само полициска операција и дека Косовските безбедносни сили или кои било други воени сили не се распоредени на северот на Косово, се наведува во соопштението на Меѓународните сили.

КФОР нагласува дека продолжува да ја следи состојбата и дека е подготвен да интервенира доколку биде потребно, со цел „да се гарантира безбедноста на сите заедници врз основа на неговиот мандат во согласност со Резолуцијата 1244 во Советот за безбедност на ОН“.

 

Меѓу уапсените и двајца службеници на УНМИК

Во меѓувреме, Мисијата на ОН во Косово (УНМИК) побара ослободување на своите двајца службеници кои се уапсени во денешната акција на косовската полиција во северно Косово, јави МИА од Приштина.

Извори од УНМИК за телевизијата КТВ информираат дека уапсените меѓународни службеници се Русинот Михаил Красночеков и Србинот Дејан Димовиќ. Медиумот ја пренесе и информацијата дека Руската амбасада во Белград побарала итно ослободување на нејзиниот државјанин и одговорност од лицата кои го извршиле, како што вели, „флагрантниот инцидент“.

УНМИК во соопштение до медиумите вели дека со вознемиреност ги следи последните настани во северно Косово.

– УНМИК го следи со голема вознемиреност развојот на настаните на север од Митровица денеска, вклучително и приведувањето во текот на полициската акција на две лица кои се вработени на ОН. Двајцата припадници на УНМИК се префрлени во болница за третирање на раните. Ние ги разгледуваме прецизно околностите во целосна координација со сите меѓународни организации на терен, се вели во соопштението.

Специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Косово, Захир Танин повика двајцата приведени службеници веднаш да бидат ослободени и нагласи дека „секое повредување на припадници на УНМИК ќе добие висок законски, дипломатски и меѓународен одговор“.

– Ги повикувам сите страни да се раководат од владеењето на законот и достоинството за живот и слобода и да помогнат во враќање на мирот и безбедноста во овој дел, порача Танин преку соопштението на УНМИК.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.