Со мечевите од третото коло во групите Е и Ф заврши првата фаза на Африканскиот Куп на нации во фудбал. Најголема причина за радост имаше репрезентација на Бенин која за првпат во историјата се пласира во нокаут рунди на континенталните шампионати. Настапите во Ф конкуренцијата ги заокружи со реми без голови против Камерун што, сепак, беше доволно за место меѓу 16 најдобри како една од четирите најдобри третопласирани тимови. Бенин претходно одигра нерешено и со Гвинеја Бисау (0:0) и со Гана (2:2).
Гана со 2:0 ја совлада селекцијата на Гвинеја Бисау и заврши како лидер на табелата во групата Ф. Победата ја режира Абдул Баба Рахман. Играчот на Челзи асистира при двата гола во 46. минута и во 72. минута, најпрво за Џордан Ајев, а потоа и за Томас како потврда на првата победа на популарните „црни ѕвезди“ на првенството во Египет.
Африкански Куп на нации 2019
Група А, 3 коло
Уганда – Египет 0:2
Зимбабве – Конго 0:4
Табела: Египет 9, Уганда 4, Конго 3, Зимбабве 1.
Група Б, 3 коло
Мадагаскар – Нигерија 2:0
Бурунди – Гвинеја 0:2
Табела: Мадагаскар 7, Нигерија 6, Гвинеја 4, Бурунди 0.
Група Ц, 3 коло
Танзанија – Алжир 0:3
Кенија – Сенегал 0:3
Табела: Алжир 9, Сенегал 6, Кенија 3, Танзанија 0.
Група Д, 3 коло
Јужна Африка – Мароко 0:1
Намибија – Брег на Слоновата Коска 1:4
Табела: Мароко 9, Брег на Слоновата Коска 6, Јужна Африка 3, Намибија 0.
Група Е, 3 коло
Ангола – Мали 0:1
Мавританија – Тунис 0:0
Табела: Мали 7, Тунис 3, Ангола 2, Мавританија 2.
Група Ф, 3 коло
Гвинеја Бисау – Гана 0:2
Бенин – Камерун 0:0
Табела: Гана 5, Камерун 5, Бенин 3, Гвинеја Бисау 1.
Двојки за осминафинале
Мароко – Бенин (5 јули, 18 ч.)
Уганда – Сенегал (5 јули, 21 ч.)
Нигерија – Камерун (6 јули, 18 ч.)
Египет – Јужна Африка (6 јули 21 ч.)
Мадагаскар – Конго (7 јули, 18 ч.)
Алжир – Гвинеја (7 јули, 21 ч.)
Мали – Брег на Слоновата Коска (8 јули, 18 ч.)
Гана – Тунис (8 јули, 21 ч.)