Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши заложничката драма во Франција- киднаперот е убиен

1
By Нова ТВ on March 23, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лицето кое денеска уби двајца заложници а задржа неколкумина во супермакет во градот Треб во југозападна Франција, е убиено од страна на француската полиција, јавија локалните медиуми.

Киднаперот пред ликвидирањето побарал ослободување од затвор на исламистот Салех Абделслам, кој е осoмничен дека стои зад нападите во Париз од ноември 2015 година, при што загинаа околу 130 лица.

Градоначалникот на Треб, Ерик Менаси, претходно соопшти дека во заложничката драма се убиени две лица, а сите заложници биле ослободени, освен еден полицаец со кој останал сам во објекот.

При нападот на киднаперот, кој тврдел дека е припадник на џихадистичката група Исламска држава (ИД), врз супермаркетот, според АФП, загинале две лица.

Градоначалникот Менаси изјави дека кога влетал во супермакетот киднаперот извикувал „Алаху акбар, сите ќе ве убијам“.

Полицијата информира дека пред да упадне во супемаркетот во Треб, напаѓачот украл автомобил во соседниот град Каркасон, при што убил едно лице, а ранил друго. Потоа тој стрелал кон група полицајци, повредувајќи еден од нив, по што се упатил кон супермаркетот во Треб.

Францускиот премиер Едуар Филип го окалификува настанот како „терористички чин“.

заложничка криза ИД тероризам Треб убиен киднапер Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.