НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Завршни консултации за техничка Влада: Нема договор за технички министер во МВР

0
By Нова ТВ on December 30, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одбивањето од СДСМ на предлогот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за Драган Ковачки да биде технички министер за внатрешни работи во преодната влада за предвремените парламентарни избори ја продолжи неизвесноста околу составот на техничката Влада што треба да биде заокружен пред 3 јануари. Комуникацијата меѓу двете партии по лидерските средба во саботата, ден подоцна се одвиваше преку социјалните мрежи и соопштенија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку својот Фејсбук профил ја повика власта да не ги одложува работите и истакна дека „кочењето на професионалец за МВР, нема да го избегне неминовниот пораз, туку ќе го зголеми“ на што СДСМ возврати дека опозициската партија треба да предложи друг кандидат затоа што доставениот предлог е спротивен на Уставот.

Мицкоски во објавата, пред СДСМ да соопшти дека бара нов предлог, наведе дека „фактите говорат оти оние кои се огрешиле спрема законот се плашат од професионалец кој ќе ги открие, разобличи и ќе се бори против нив“.

„Заев и СДСМ очекуваат решение за човек кој мислат дека ќе го држат во рака за да продолжат со нивните комбинации. Ние со ваков предлог сакаме да направиме дисконтинуитет во хаосот кој Заев и Спасовски го создадоа во државата со лошото менаџирање во МВР, дисконтинуитет на рекетите под државна капа, клановите блиски до власта кои спроведуваат криминал, дисконтинуитет на бандитизмот кој се шири низ улиците, заплените автомобили, дрогата која е на секој чекор. И ВМРО не отстапува од борбата против сето ова. Она што ми е поважно од тоа да се избере решение кое ќе му се допадне на Заев, е да се бори против криминалците и да и служи на Македонија, напиша Мицкоски.

СДСМ, пак во соопштение побара ВМРО-ДПМНЕ да предложи друг кандидат.

„Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се издигне на висина на задачата и одговорноста која ја има со влезот во преодната Влада и порачуваме дека остануваме отворени за наоѓање прифатливо решение со кое нема да се крши Уставот. До 3 јануари има доволно време да се постигне согласност и да продолжиме кон подготовката на изборите кои ќе се случат на 12 април“, соопшти СДСМ порачувајќи и на ВМРО-ДПМНЕ дека не може да се повикува на право, а да промовира предлози спротивни на Уставот.

Одбивањето на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ го образложуваат повикувајќи се на членот 97 од Уставот според кој лице кое раководи со МВР или со Министерството за одбрана треба да биде цивилно лице најмалку три години пред изборот на таа функција. Во членот 2 од Законот за полиција, наведуваат, се прави јасна разлика помеѓу униформиран и неуниформиран припадник на полицијата, што значи дека униформираните вработени не можат да бидат избрани за министри, и тоа е исто и во двете министерства.

Во однос на тоа како технички натаму ќе се одвиваат разговорите, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски вчера изјави дека консултациите траат, не прецизирајќи дали имало телефонски разговор помеѓу премиерот Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски по нивната средба во петокот. Лидерот на ДУИ и коалициски партнер на СДСМ, Али Ахмети, кој исто така во саботата имаше средба со Мицкоски за новите кадри во преодната Влада, изјави дека за нив предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер е прифатлив.

Заев, пак, во интервју за „Дојче веле“ рече дека е сигурен оти опозицијата нема да си дозволи да инсистира на кршење на Уставот и дека ќе може брзо да предложи друг кандидат околу кој би се согласиле, ако, како што наведе, е очигледно оти предложеното решение не може да помине заради тоа што Уставот тоа не го дозволува. Според него, преодната влада треба да се формира на 3 јануари и од тоа не треба да има никакви отстапки.

„Изборите на 12 април треба да ги гледаме како затворено прашање. Сите партии се согласни со датумот. На предлозите на опозицијата за министри и дополнителни заменици министри треба да се гледа на едноставен и прагматичен начин“, порача Заев.

Освен технички министер за внатрешни работи, ВМРО-ДПМНЕ за преодната Влада треба да номинира предлози и за заменици во министерствата за информатичко општество и администрација, за финансии и за земјоделство. Нивните имиња, како што изјави премиерот Заев по средбата со Мицкоски, треба да се знаат денеска. Очекува принципот на нивен избор да биде етички, да не бидат гонети или под обвинение на јавни обвинителства во државата.

Актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски завчера изјави дека е подготвен за функцијата технички премиер во преодната влада, откако таква одлука беше донесена на седниците на Централниот и извршниот одбор.

„Ова е преодна влада што треба да обезбеди, пред се, период за добра организација на изборите, фер демократски шанси за сите политички субјекти, да овозможиме граѓаните самостојно да ги носат одлуките. Меѓутоа, воедно да продолжиме и силно во работењето и реализацијата на проектите, да немаме застој во реформите во државата, да ги оствариме националните интереси“, изјави Спасовски.

Дел од тимот на преодната влада од СДСМ ќе бидат и Славјанка Петровска, која ќе биде дополнителен заменик министер  во МВР, а таква функција во МТСП ќе врши Санела Шкријејљ.

ВМРО ДПМНЕ МВР СДСМ Техничка Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.