Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Завршува ЕУ проектот „РЕАД“: Книжевноста поврза пет земји, произведени бројни изданија, автори, фестивали, промоции

0
By Ана Василевска on June 6, 2024 ВЕСТИ, ЗУМ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 6, 2024 13:18

Денеска се одржува Конференцијата за добитниците на суб-грантови од проектот „Регионална мрежа за културна разновидност“ – РЕАД, а воедно и завршна конференција на целиот проект. Проектот е финансиран од ЕУ кој имаше за цел преку културна размена во областа на книжевноста да поврзе 5 земји.

На Конференцијата се поделија видливите резултати од 4-годишниот обемен проект, кој остави траги во регионалната културна сцена меѓу 5 земји. Регионалниот проект опфати иницијативи од земјите: Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија и Турција.
Дел од резултатите се:
 92 грантови на регионални граѓански организации,
 13 изданија на литературни фестивали,
 457 автори, преведувачи и активисти присутни на фестивалите,
 57 преведени книги и нивни промоции,
 39 регионални работилници за млади,
 30 автори кои имаа едномесечен резиденцијален престој во една од земјите учесници,
 и преку 15.000 луѓе беа допрени преку проектот “READ на тркала”,
 но и многу други бројки беа споделени на завршната конференција на 4-годишниот
регионален ЕУ проект – READ (Регионална мрежа за културна разновидност).


На самата Конференција официјално се обратија ЕУ Амбасадорот Дејвид Гир, Амбасадорката на СР Германија Петра Дреклсер, раководителката на Гете-институт Скопје во Македонија Катрин Оствалд – Рихтер, како и проект менаџерот Марија Чорбева – Пеновска. Исто така учество земаа раководителите на партнерите на проектот Бујар Лума од ЦБЦ Лоја, Северна Македонија, Маја Вуковиќ Бисерко од Крокодил, Србија, Ирена Точи од Албанија и Мехмет Демирташ од Турција, авторите Ѓоко Здравески поет од Македонија како и поетесата Радмила Петровиќ од Србија. Дел од темите беа и “Вештачката
интелигенција и издаваштвото”, “Достапни фондови за финансирање на проекти за млади“, како и “Зацврстувањето на културата преку соработка на владиниот и невладиниот сектор”. „Проектот РЕАД го постигна токму тоа што вообичаено го прават книгите, отвори нови канали за комуникација меѓу културните актери во регионот и нови видици за соработки и партнерства на културен план.“ – Велат од Гете-институт Скопје
Регионалниот ЕУ проект РЕАД имаше за цел да промовира вештини за читање меѓу рaзличните култури и демократски вредности преку зголемување на интересот за читање, ставајќи на располагање висококвалитетни книжевни дела од регионот.
Конференцијата се одвива три дена 5-7 јуни, во Холидеј Ин во Скопје.

Гете институт конференција РЕАД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.