Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Завршува учебната година од која една третина беше онлајн настава

0
By Нова ТВ on June 10, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За 270.000 основци и средношколци, меѓу кои и околу 19.000 првачиња, денеска завршува учебната година, за првпат во вонредни околности и надвор од училишните клупи кои останаа празни од 11 март поради опасноста од ширење на Ковид-19.

Првото полугодие го одбележаа „есенските“ преговори на СОНК со Министерството за образование и наука за повисоки плати и предупредувачките најави за штрајк, што резултираше со договор во ноември, а наставниците од јануари годинава ги добија бараните дополнителни 10 отсто.

Но, второто полугодие и учениците и наставниците, се соочија со нова и досега непозната ситуација што ја наметна пандемијата со Ковид-19. Наставата три месеци се изведуваше од далечина и онлајн, а со владините Уредби со законска сила се овозможи и правна основа е-наставата до крајот на учебната година да се смета за формална, т.е. соодветна замена на класичната настава во училиштата.

Во изминатите три месеци учениците и наставниците се приспособуваа на онлајн-учење, предавање и испрашување, при што се користеа различни алатки и платформи за видеокомуникација.

За да се олесни начинот на совладување на материјалот, МОН во партнерство со УНИЦЕФ ја воспостави и националната образовна платформа Eduino.gov.mk со видеолекции за основно и за средно образобание кои за учениците ги снимија одделенски и предметни наставници од училишта од целата држава. Секој ден на јавниот сервис се емитуваше и емисијата „ТВ училница“ со образовни содржини на македонски и на албански јазик од предвидените наставни програми.

Поради ризик од ширење на коронавирус, Владата на крајот на април донесе одлука онлајн-наставата да продолжи до крајот на учебната година, како и одлука оваа година да нема полагање државна матура која се организира во средината на јуни. Матурантите ќе може да конкурираат на факултет на уписите во август-септември со дипломата за завршено средно образование.

За еден месец е пролонгирано запишувањето на првоодделенците за 2020/2021, па наместо во цел мај, како во изминатите години, родителите имаат можност од 1 до 30 јуни да ги запишат своите деца во основно образование.

Роковите за упис на средношколци утврдени во Конкурсот не се менуваат, така што на 16 и 17 јуни е првото пријавување во јунскиот уписен рок, со тоа што спроведувањето на уписите ќе биде согласно со протоколот донесен од Владата по препорака на Комисијата за заразни болести.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми во интервју за МИА пред десетина дена изјави дека се посветува внимание и се разговара и за прашања како би постапиле ако околностите со епидемијата во нашата земја се исти или и полоши на почетокот на  учебната 2020/2021. Рече дека ако биде иста ситуацијата можеби и мерките ќе бидат исти или наставата поинаку ќе се организира.

„Генерално, ако имаме иста ситуација, исти околности, можеби ќе се соочиме со исти мерки или ќе размислиме во насока на реорганизирање или поинакво организирање и реализирање на наставата во училишните клупи“, рече Адеми.

Коронавирус Македонија образование Онлајн настава учебна година
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.