Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Здравев: За чувањето предмети во фиоки на Врховен суд е известено ОЈО

0
By Нова ТВ on January 22, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 22, 2020 13:40

Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, по пишувањата на Нова ТВ дека судски предмети се чуваат со години во фиоките на разрешениот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, денеска изјави дека за тоа е известено Основното јавно Обвинителство. Во врска со предметите, тој рече дека на странките им се повредени правата на итно постапување, односно постапување во согласност со принципот за судење во разумен рок и додаде дека в.д. претседателот на Врховниот суд, Фаик Арслани треба да каже дали предметите се задржани основано или не.

 

„Добивме информација од в.д. претседателот на Врховниот суд дека се пронајдени предмети и дека ги има распределено на седница на Оддел за кривични дела кај судиите кои работат во тој оддел. Паралелно и ние ќе преземеме чекори. Тоа веќе го пуштивме во процедура, но ние не можеме да преземаме конкретни мерки. Затоа истовремено ја известивме Антикорупциската комисија и Јавниот обвинител, бидејќи сметаме дека Антикорупциска можеби ќе најде нешто што е во нејзина надлежност“, рече Здравев.

Очекуваме, потенцира Здравев, прво тоа да го направи в.д. претседателот на Врховниот суд, како што е ред, во спротивно ќе преземеме конкретни мерки за поднесување на барање за утврдување на одговорност за поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

За време на промоцијата на иницијативата „Отворено судство“ која е дел од програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Северна Македонија“ и промоцијата на анализата „Отвореност на судството во Северна Македонија“, тој се осврна и на проблемот со откажувањето на еден од кандидатите за членови на Судскиот совет, Артан Лимани од граѓанскиот суд.

„Немаме надлежности да испитаме зошто ја повлекол кандидатурата. Комисијата за спроведување на избори на член на Судски совет не е комисија на Судскиот совет, туку во неа претседателот и еден член се избираат од Здружението на судиите, а другиот член од невладини организации. Тие понатаму одлучуваат како да ја спроведат целата постапка, меѓудругото тие треба да одговорат на барањето за повлекување на кандидатурата. Мое лично мислење е дека во оваа фаза од постапката не може да се повлече кандидатурата за член на Судскиот совет“, рече Здравев.

Тој истакна дека во понеделникот бил известен за повлекување на апликацијата на кандидатот, а тој ден, како што кажа, се делеле материјалите по избирачките одбори.

„Доколку тој кандидат победи, за нас официјално ќе биде член на Судски совет. Освен ако не си поднесе оставка, па да ја повториме постапката. Тоа е тешко, бидејќи ќе треба да се повтори целата постапка, до толку повеќе што на постоечкиот член на Советот, Шемседин Јусуфи му истекува мандатот и практично за цело време на траење на постапката ќе останеме без уште еден член“, потенцира Здравев.

Врховен суд Јово Вангеловски Киро Здравев предмети Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026Updated:January 28, 2026

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

ВЕСТИ January 28, 2026

Работниците побараа до крајот на идната недела пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата. Пред…

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.