Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Здравството, последната сламка пред избори

0
By Менче Атанасова Точи on November 8, 2016 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не знам на кого повеќе да се изначудам. На ветувањата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски  за новите инвестиции во здравството или на лекарите и директорите на клиниките кои сред работно време доаѓаат да му ракоплескаат. Изминатата недела цело време слушавме за нови инвестиции во здравството. Прво Груевски зборуваше дека ќе набавеле 3700 нови апарати во 100 јавни здравствени установи во државата и тоа во вредност од 33 милиони евра. Го слушав внимателно, ги набројува апаратите, опишува кој апарат каков е, колкаво му е зрачењето, какви перформанси има, до детали, мислиш готово пристига опремата, само треба да се монтира.  Слушам ама не можам да разберам со кои пари ќе ги купуваат и кога. Не кажува.

На крајот само во една реченица рече дека сето тоа ќе се реализира за четири години. Ниту збор од каде пари за тоа. За кои милиони зборува лидерот на ВМРО ДПМНЕ, кога во буџетот за идната година не се предвидени финансиски средства за такво нешто. Нели го усвоија на нивно инсистирање. Не спомна ниту кредити. Само апаратите, така описно претставени, мислиш веќе сами почнаа да снимаат, зашто медицински и технички кадар нема за да го прави тоа. А, да рече дека фирмите ќе ни обучеле и кадар за да снима со апаратите. За сликата да биде комплетна. Нема граница меѓу партијата и државата.

Татко ми бог да го прости, понекогаш во дадени ситуации ја кажуваше онаа народната: „Гладна кокошка, просо сонува“.  Да, тие се гладни, ама за власт и уште сонуваат за да останат.  Затоа раскажуваат така описно.

Подоцна, по завршување на говорот кога се се распадна како меур од сапуница и сфативме дека нема ништо од тоа, дека е само предизборно ветување, на новинарско прашање портпаролот на партијата одговори  дека пари ќе се најдат со ребалансот на буџетот. Со заеми? Или на едно место скрати на друго додади? Така со ребалансот на буџетот во 2012 година исчезнаа парите за електронската здравствена картичка и граѓаните сами од свој џеб си ја плаќаат. Се стопија и парите за некои превентивни програми, за  лекови за ретки болести.

И она најважното оние  33 милиони евра со кои ќе ни купеле апарати во здравството се пари на граѓаните, независно дали ќе бидат од буџет или од кредити. Не ни ги купуваат Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ, сами ќе треба да ги платиме. Иако, како најбогата партија во Европа можат на својот сиромашен народ  да му подарат медицинска опрема во вредност од 33 милиони евра. Тоа би било навистина убаво, една богата политичка партија да донира за својот беден народ апарати во болниците. Каков гест би било тоа! А, не да ветуваат дека ќе ни купат апарати, ама со наши пари.

Не се сеќавам, донирале ли нешто до сега? Можеби помогнале во  лекување на некое болно дете  или на некоја самохрана мајка која нема од што да живее со своите деца? Јас такво нешто не сум слушнала, исправете ме ако грешам.

По четири дена Груевски повторно излезе со ново ветување, комплетна реконструкција и реновирање на Клиниката за кардиологија, како и сет мерки за подобрување на здравствените услуги. Сето ова планирале да започне во 2019 та година. Покрај ова најави реновирање и на болницата „8 Септември“, на Клиниката за онкологија и повеќе болници во внатрешноста. Задоцнети проекти, за кој подоцна ќе ги обвинуваат другите што не ги направиле.

И пак, не објасни од каде пари за сето тоа. Опозицијата пак, излезе со документи од кои се гледа дека Министерството за финансии повеќе барања за набавка на апарати и реконструкција на клиники и болници ги одбило за да не се создаваат нови финансиски обврски во буџетот. Одбиени се барањата за нови апарати на Клиника за кардиологија, за рентген служба во Кривогаштани, за Центар за хронични рани во Геронтолошкиот завод, за реконструкција на болницата во Струмица, во Валандово, за пункт за Итна медицинска помош во Идризово. И што сега?

На нас ни е сосема јасно. Ама, дали им е јасно на директорите и лекарите кои му ракоплескаат на сред работно време дојдени да му дадат поддршка. На што ракоплескаа на прес конференцијата, на новите проекти или на промоција на изборна програма на ВМРО ДПМНЕ? Зошто  прифатија да бидат злоупотребени и јавно пред камерите да не убедуваат колку ќе биде подобро со новите проекти на ВМРО ДПМНЕ во здравството и со тоа да влијаат на свеста на граѓаните. Се во стилот ако на нас не ни верувате, слушнете ги луѓето во белите мантили, тие  кои се заколнале во хипократовата заклетва обврзувајќи се дека етички ќе ги извршуваат должностите од својата професија. Искрено, срам ме фати да слушам.

Каде ќе биде подобро? На инфективна клиника каде што пред неколку години додека бев хоспитализирана со висока температура сред зима, сопругот ми носеше топла вода од дома во пластични шишиња за да се избањам? Или во болницата во Битола каде што пред две години на 29 годишно момче наместо физиолошки раствор му беше дадено средство за дезинфекција? За болницата во Струмица за која Министерството за финансии не одобрува средства, а тие не убедуваат  дека ќе се реновира?

Остана ли малку етика и морал или се е отидено во бестрага? За директорите на болниците  прашувам, тие со звања на доценти, професори. Тие кои еден ден, посрамотени ќе ги бројат деновите до пензија.  За другите не се заморувам.  За нив резултатите од изборите с е пресудни.  Затоа се фаќаат за последната сламка, здравството кое e од пресудно значење, а одамна тоне. Бродот зад чие кормило останаа само партиски поставените директори.

 

ветувања директори здравство инвестиции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.