Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Здружението на граѓани 16-ти март 2025: Мицкоски од родителите побарал да му ја кажат цена за нивните загинати деца

0
By Zoran Ivanov on July 18, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Родителите на починатите деца во пожарот во дискотеката ПУЛС – Кочани, јавно се огласија преку социјалните мрежи со шокантни детали од средбата со Премиерот Христијан Мицкоски.

Средбата која се случи во (понеделник) во 17:00 часот во Владата која , како што наведуваат родителите на починатите деца во дискотеката Пулс во Кочани , требала на нивно барње да се оддржи во Кочани – добиле одговор дека безбедносните услови не дозволуваат премиерот да патува и средбата мора да сеодржи во Скопје.

Родителите меѓу останатаото биле вчудоневидени и повредени од страна на Премиерот Христијан Мицкоски кој на родителите им се обратил со зборовите : „ОДРЕДЕТЕ СИ ЦЕНА ЗА ВАШИТЕ ДЕЦА “.

Со ова родителите биле навредени и како што наведуваат во обраќањето до јавноста:.. Тоа беше газење врз спомените, врз болката, врз човечкото достоинство.

Во интегралното обраќање до јавноста од страна на родителите, а во врска со состанокот со претседателот  на Владата на РСМ  на 07 .7. 2025 година, стои:

„Ние, родителите на починатите деца во пожарот во дискотеката ПУЛС – Кочани, чувствуваме обврска јавно да се обратиме, поради се погласните шпекулации и неточни информации околу нашите поднесени барања до државниот врв на РСМакедонија.

Што се случи?

На 01.07.2025 година, испративме истоветно барање по пошта до: Премиерот на Владата на РСМ – г. Христијан Мицкоски,

Претседателката на државата – г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова,

Претседателот на Собранието – г. Африм Гаши.

Денес, по повеќе од две поминати недели, не добивме никаков одговор ниту од Претседателката, ниту од Претседателот на Собранието.

Единствено, на 03.07.2025, нè контактираа телефонски од кабинетот на премиерот и ни закажаа состанок за 07.07.2025 (понеделник) во 17:00 часот во Владата.

Иако инсистиравме средбата да се одржи во Кочани – местото каде се случи трагедијата и каде почиваат нашите деца – одговорот беше дека безбедносните услови не дозволуваат премиерот да патува и средбата мора да се одржи во Скопје.

И покрај горештините и нашата болка, отидовме во главниот град – со надеж дека конечно ќе бидеме слушнати.

На средбата присуствуваа околу 60 родители и членови на семејствата на починатите деца. За повеќето, ова беше прва лична средба со премиерот. Очекувавме барем еден човечки збор, искрено сочувство. Но, тоа не се случи.

Наместо тоа, бевме пречекани со површен поздрав: „Здраво, како сте?“ – зборови кои не можат да ја допрат болката на родител кој изгубил дете.

На нашето прашање во врска со барањето, премиерот одговори дека го гледа за првпат, дека штотуку му било предадено од службите. На тоа реагиравме бурно, бидејќи уште на 03.07 – кога нè контактираа – ни беше кажано дека барањето е примено и разгледано. На нашиот револт реагираше неговата портпаролка, г-ѓа Марија Митева, објаснувајќи дека во Владата има процедура:

  • Барањето било заведено на 03.07 во архивата,
  • На 04.07 било препратено до другите институции,
  • Дури на 07.07 му било врачено на премиерот лично.

Иако не сме правници, неприфатливо ни е писмо адресирано лично до премиерот, без негова дозвола и знаење, да биде разгледувано и препраќано од други институции без негова одлука.

Навредата што никогаш нема да ја заборавиме:

Премиерот започна да го чита барањето ( кое целосно може да го прочитате во прилог) и изјави дека ќе се задржи само на петте точки, без да ги разгледува воведните делови и правните објаснувања.

На првата точка – која се однесуваше на:

“Еднократна парична помош за секое семејство погодено од трагедијата, за душевна болка и нематеријална штета, преку Фондот за итна поддршка од државниот буџет…”… добивме одговор кој не само што нè понижи, туку длабоко нè навреди како родители и како луѓе:

„Ова барање е исто како предлогот на СДСМ, само што вие немате ставено цена. Одредете си цена за вашите деца.“

Тоа беше моментот кога болката премина во чиста неправда. Овие зборови ќе одекнуваат засекогаш во нашите срца, како уште една смрт – смрт на достоинството.

Јавен повик до премиерот и целата јавност: Доста е!

Доста е! Доста со манипулации. Доста со потценување на нашата болка. Доста со лаги и игри врз сметка на животите на нашите деца!

Колку пати треба да ви објасниме, да ви повториме, да викаме и да молиме – ние, родителите на убиените деца во трагедијата во „Пулс“, немаме политички агенди! Не сме тука поради партии, не не интересира политика! Нашата единствена цел е правда. Правда за 62 млади животи кои згаснаа во најцрниот ден на нашата држава.

Но, наместо разбирање, добиваме манипулации. Наместо сочувство, добиваме потсмев и обвинувања. Наместо поддршка, добиваме директно понижување. Во понеделник, на 07.07 на средба во кабинетот на премиерот ни беше кажано нешто што ниту еден родител не смее да го слушне — ОДРЕДЕТЕ СИ ЦЕНА ЗА ВАШИТЕ ДЕЦА “. Тоа не беше само навреда, тоа беше газење врз спомените, врз болката, врз човечкото достоинство. Ако вие, господине премиер, мислите дека животите на нашите ангели имаат цена, тогаш прашуваме: колку вреди еден човечки живот?

Кога ќе можете да го процените тоа, тогаш дојдете и кажете ни ја цената за нашите деца.

Нашите деца се херои. Со своите животи, оставија печат врз оваа држава. И ако вие не знаете да ја водите оваа држава, ако не знаете да обезбедите правда и покрај сите докази што ви се ставени на маса, тогаш отстапете го вашето место на некој што знае, што умее, што има совест и храброст.

Ние не се плашиме. Иако сме под огромен стрес и со скршени срца, нашиот разум и нашата борба не престануваат.

Разликата меѓу нас и вас е што вие се плашите од вистината, а ние се бориме за неа. Вашата неспособност не треба да ја платиме ние. Ниту нашите деца.

Судскиот процес уште не започнал. Осомничените шетаат слободно. Сите поврзани, сите заштитени, сите си тераат како ништо да не се случило. А се случи — се случи масовно убиство на 62 деца, и тоа никогаш нема да го заборавиме. Затоа не лажете повеќе. Ни вие, ни обвинителите. Ниедно „ќе видиме“, ниедно „ќе се процесира“ не значи ништо веќе. Додека сте неспособни само да ја одолговлекувате постапката, ние ќе бидеме гласот на правдата — сѐ додека таа не се случи!

Нашите деца молчат, но нашите гласови зборуваат за нив. И нема да замолчиме. Ова е почетокот на крајот за неправдата во оваа држава.

Со почит и достоинство, родителите на починатите деца од трагедијата во дискотеката ПУЛС – Кочани, Здружение на граѓани 16-ти март 2025.“

 

Кочани Мицкоски обраќање родители средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.