Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Здружението на историчари најде 13 крупни грешки во учебникот по историја за петто одделение

0
By Соња Крамарска on December 19, 2022 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението на историчари на Македонија, наведе 13 крупни фактографски и други грешки во учебникот по историја за петто одделение, напишан од авторките Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска.

„Сметаме дека доколку овој учебник се употребува во наставата, ќе му нанесе непроценлива штета на воспитно-образовниот процес и ќе влијае негативно врз развојот на учениците. Недозволиво е во XXI век, учениците да ги добиваат своите први сознанија, меѓу другото и од областа на историјата, од учебник што изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации“, наведуваат во реакцијата.

Првата грешка е што учебникот тврди дека „Стариот век или античка историја век е период кој започнал со пронаоѓањето на првото писмо а завршил во V век пр.н.е.“ Но тоа, е велат погрешен податок, според кој почетокот на средниот век се поместува 10 века поназад. Не постои нешто наречено „Стариот/ античка историја век“, бидејќи античката историја е, впрочем, само еден дел од она што се нарекува историја на стариот век, велат историчарите.

Понатаму историчарите ги редат и другите грешки.

  1. „Почетокот на новиот век/ модерната историја започнува со откривањето на парната машинаа историски завршува со почетокот на Првата светска војна.“ (стр. 116)

„Новиот век не започнува со пронаѓањето на парната машина во XVIII век. Новиот век, во согласност со академскиот консезус во Европа, започнува со појавата на печатницата на Гутенберг и со ренесансата, којa ги црпи основните идејни постулати од средновековието“, велат историчарите.

  1. Во самиот вовед на делот за археологијата се имплицира дека најстарите локалитети се од металните времиња, што не е точно, бидејќи еден од најзначајните периоди кај нас е каменото време. При споменувањето на Кокино, постојано се повторува „градба“ и „изградено“ (стр. 145), а, всушност, се работи за природна карпа која е секундарно обработена. Во однос на Хераклеја се вели дека „основан е во VI век пр.н.е.“ (стр. 149). За тоа не постојат никакви докази (археолозите овој град го определуваат хронолошки во IV или пак во II век пр. н. е., но во никој случај во VI век пр. н. е.). Воедно, се констатира дека Хераклеја била колонија, без, притоа, да се прецизира што претставува тоа, односно чија колонија била. Кај Самуилова тврдина се вели дека „најголемиот дел од ѕидовите и кулите датираат од времето на царот Самуил“ (стр. 151), иако археолозите сметаат дека остатоците од денешните ѕидини се од подоцнежен период. Исто така, авторките наведуваат дека во близина на Самуиловата тврдина се наоѓа „амфитеатар“ (стр. 151), што не е точно, бидејќи станува збор за антички театар.
  2. „Никола Тесла изумител на електричната енергија.“ (стр. 116) Истражувањето и откривањето на електрицитетот има своја историја, која започнува со старогрчкиот филозоф Талес од Милет. Никола Тесла, историски гледано, ја има заслугата за креирањето услови за користење и производство на наизменичната струја.
  3. „Марија Кири – полска научничка добитничка на две Нобелови награди за наука.“ (стр. 116)

Марија Кири двапати ја добила Нобеловата награда, и тоа за хемија и за физика. Не постои „Нобелова награда за наука“.

  1. „Откритието на тркалото исто така придонело за побрз развој на заедниците во кои живееле праисториските луѓе. Тркалото од каменото време немало некоја позначајна улога врз развојот на општеството, бидејќи го користеле како тркало за изработка на глинени садови.“ (стр. 105)

Откривањето на тркалото претставува едно од првите човекови открија кое го олеснило живеењето на тогашниот човек. Вака конструираната констатација на авторките е конфузна и нелогична.

  1. Табелата наменета за потсетување на учениците (стр. 118) содржи погрешни описи како резултат на претходно изнесената погрешна периодизација.
  2. „Египетскиот календар е лунарен.“ (стр. 120) Египетскиот календар е, всушност, соларен.
  3. „Асирскиот календар е лунарен календар.“ (стр. 121) Асирскиот календар е лунисоларен. Тука може да се констатира и фрапантно непознавање на темата за која пишуваат авторките. Имено, наставната содржина е наменета за календарот на Асирското Царство, во кое се користело клинестото писмо. Табелата во која се претставени месеците и нивните имиња, всушност, е напишана на сириски абџад и претставува календар кој го користат современите Асирци, при што тој е и обратно поставен. Сирискиот абџад се пишува од десно кон лево, додека прикажаното на табелата е пишувано од лево кон десно.
  4. Римскиот колосеум „потекнува од пред 72 година од н. е.“ (стр. 141) Изградбата на Колосеумот започнала околу 72 година од н. е. и била завршена за осум години.
  5. Дадени се прикази на Роза Луксембург и на Мартин Лутер Кинг (стр. 44–45), во кои не се зборува за нивното дело, туку се истакнуваат само нивните морални и лични карактеристики.
  6. „Наша ера, нова ера“

Во учебникот на различни страници се користат термините „наша ера“ и „нова ера“. Недозволива е ваква неконзистенстност на термините во учебник кој треба да биде почетно запознавање на учениците со историјата како наука.

  1. „Пишаните извори се многу сигурни.“ (стр. 128) Со оваа констатација учениците погрешно ќе го разберат карактерот на пишаните извори, сметајќи дека тие не треба да бидат доведувани во прашање. Од аспект на историската наука, и пишаните извори се подложни на критичка анализа.

„Покрај наведените кардинални и издвоени забелешки, мораме да истакнеме дека учебникот се одликува со неквалитетна нагледност. Има многу илустрации, кои се со исклучително лош квалитет, вклучувајќи ги и картите, а на места тие се и несоодветни за периодот на кој треба да се однесуваат. Тоа го наметнува и прашањето за самиот извор на користените илустрации, што го повлекува и прашањето околу aвторските права (copyright)“, наведуваат историчарите во реакцијата за учебникот.

Историчарите заклучија дека содржините во учебникот не им нудат на учениците сознанија од историјата врз основа на кои тие ќе бидат во можност да го согледаат историскиот контекст. „Македонија како историски термин воопшто не се користи. Единствено се користи името „Република Северна Македонија“, и тоа во врска со мапата на која учениците треба да ги нотираат археолошките наоѓалишта. На овој начин учениците нема да бидат во можност да ги стекнат основните знаења за историскиот контекст и за значењето на посочените археолошки наоѓалишта, иако авторките самите констатираат дека „археолошките наоѓалишта се сведоци за историското минато на населението кое живеело на одредено подрачје“, се додава во реакцијата.

Здружението на историчарите најави дека   ќе достави до Министерството за образование  детална анализа на учебникот, врз основа на која ќе побара тој да биде повлечен од употреба.

 

грешки Здружение на историчари реакција учебник по историја за петто одделение
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.