Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеќири две недели во притвор чека да биде сослушан

0
By НОВА ТВ Mitreska on April 21, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 21, 2022 12:50

Осомничениот поранешен генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој поднесе оставка поради сомневања дека ја злоупотребил службената положба речиси две недели е во притвор, но како што дознаваме тој се уште не дал исказ пред надлежен обвинител за гонење организиран криминал.

Судија на претходна постапка на почетокот на април го прифати предлогот на Обвинителството и на осомничениот поранешен функционер му определи притвор во траење од 30 дена. По ова следуваше жалба на притворот од страна на одбраната на Зеќири која бараше поблаги мерки на обезбедување, но таа не беше прифатена, а поранешниот генерален секретар беше вратен во истражниот затвор во Скопје.

Во Обвинителството за гонење организиран криминал објаснуваат дека нема место за каква било реакција затоа што обвинителот што ја води истрагата ќе постапи така како што пропишува Законот за кривична постапка и дека осомничениот ќе биде сослушан пред завршување на истрагата.

– Јасно е пропишано како тече постапката, откако е издадена наредба за спроведување истрага во која обвинителот одредува да се извидат определени околности, да се преземат определени истражни дејствија и да се испитаат определени лица. Во членот 302, став 2, е пропишано дека пред завршувањето на истражната постапка јавниот обвинител, ако тоа не го сторил претходно, е должен да го испита осомничениот, објаснуваат во Обвинителството за гонење организиран криминал.

Пред да истече рокот на истражната постапка  јавниот обвинител е должен на осомничениот и на бранителот да им достави известување дека завршила
истрагата. Обвинетиот има право во рок од 15 дена од приемот на известувањето дека завршила истрагата да поднесе докази на одбраната, или да бара од јавниот обвинител да собере определени докази.

Законодавецот предвидел и дека ј
авниот обвинител е должен да го запознае обвинетиот со доказите што во истражната постапка ги прибавил против него, како и да му ги открие доказите за кои дознал, а кои можат да бидат од полза за одбраната. Во случај кога јавниот обвинител по барање на осомничениот или неговиот бранител собира определени докази, е должен тоа да го заврши во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето.

Зеќири е под истрага заедно со двајца хрватски државјани за незаконска тендерска постапка. Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ги сомничи дека незаконски присвоиле 145.400 евра.

Според обвинителството, Зеќири во периодот од април 2021 до јануари 2022, како генерален секретар на Владата, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице, во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

„Со преземените дејствија, осомничените за консултантската куќа од Хрватска прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 940.000 евра на штета на буџетот на С. Македонија. Износот бил поголем за 145.400 евра, бидејќи договорениот износ за вршењето на консултантски услуги бил 795.000 евра“, велат од Обвинителството.

Стојанка Митреска

 

 

 

зекири исказ обвинителство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.