Активистичката коалиција ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД официјално го почнува процесот за собирање потписи за независна листа кој ќе се одвива во сите подрачни одделенија на ДИК на територија на Град Скопје, но и кај нотари во Општините Центар, Карпош и Аеродром.

„Новина е тоа што освен за советничката листа за Град Скопје, ќе собираме потписи и за кандидат за градоначалник чиешто име ќе го откриеме на утрешната та прес-конференција. Се работи за професионалец со висок интегритет кој долги години е активен на македонската политичка сцена и чиишто принципи и работна етика целосно се поклопуваат со целите и
заложбите на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД. На Скопје му претстои еден од најпресудните моменти во неговиот развој, усвојувањето на Генералниот урбанистички план (2022-2032). Тој плански документ ќе биде главната одредница според која ќе се развива Скопје во следните години. Време е Град Скопје конечно да добие управувачка структура која ќе биде насочена кон обезбедување квалитетен живот за скопјани и одржлив развој“, информираат од Коалицијата.