Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес предложи актуелниот премиер Денис Шмигалј да биде нов министер за одбрана на Украина.
Како што изјави на Телеграм, денес разговарал со вицепремиерката Јулија Свириденко и ѝ предложил да ја преземе функцијата премиер, да ја подобри работата на владата врз основа на нејзиното искуство во поддршката на украинското производство и претприемништво, кое го има како прв вицепремиерка и министерка за економија.
Огромното искуство на Денис Шмигалј сигурно ќе биде корисно на позицијата министер за одбрана на Украина, токму во таа област се концентрирани максималните државни ресурси, најголемиот број задачи и огромната одговорност, истакна Зеленски.
Тој изјави дека очекува доволна поддршка од пратениците за новата конфигурација на украинската влада.
И важно е владата брзо да спроведе преглед на сите договори со нашите партнери – што функционира, а што бара преглед или дополнително активирање, нагласи претседателот на Украина.