Украина мора да премине од дефанзива против руските напади во офанзива за да „врши притисок врз Русија“, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Оваа војна мора да заврши и ние мора да извршиме притисок врз Русија, рече тој во своето вечерно видео обраќање.
„Рускиот претседател Владимир Путин „не разбира ништо друго освен сила и притисок“, додаде тој.
Коментарите на Зеленски доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп, кој се стреми да ја заврши војната, објави на својата мрежа Truth Social дека „е многу тешко, ако не и невозможно, да се добие војна без да се нападне земјата на агресорот“.