Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

0
By Zoran Ivanov on May 18, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му испрати писмо на американскиот претседател Доналд Трамп со нови предлози за соработка во областите на одбранбената индустрија и трговијата, објавено е на веб-страницата на кабинетот на претседателот на Украина.

Зеленски им се заблагодари на САД и на целиот американски народ за нивната непоколеблива поддршка, посебно изразувајќи благодарност до Трамп и неговиот тим за нивните напори да постигнат мир.

За време на денешниот разговор со потпретседателот на САД Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио во Рим, по церемонијата за инаугурација на новоизбраниот папа Лав XIV, Зеленски зборуваше за новите иницијативи наведени во писмото до Трамп.

Во документот се предлага проширување на соработката во одбранбено-индустриската и трговската сфера меѓу Украина и САД, и се укажува на важноста на санкциите кон Русија.

Притисокот врз Русија мора да продолжи сè додека не биде подготвена да ја запре војната. Украина доследно ги поддржува сите американски мировни иницијативи и останува отворена за конструктивен дијалог со цел постигнување праведен и траен мир, истакна тој.

Зеленски во писмото зборува и за преговорите во Истанбул и „нереалните услови што Русија ги постави за воспоставување траен прекин на огнот“.

Ниското ниво на руската делегација укажуваше на тоа дека таа нема овластувања да донесува какви било одлуки, додаде тој, напоменувајќи дека Русија го крши примирјето, кое самата го предложи.

Зеленски оцени дека сето ова укажува на тоа дека Москва нема намера да ја заврши војната и оти затоа е потребен притисок за да се присили Русија да прифати целосен, безусловен прекин на огнот.

На состанокот со Рубио и Венс детално беше разгледан ставот на секоја страна и следните чекори кои би можеле да ја променат ситуацијата, вклучувајќи силни санкции против Русија.

Посебно внимание беше посветено на спроведувањето на договорот за економско партнерство меѓу Украина и САД.

Зеленски писмо соработка Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.