Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека се подготвени за директни разговори со Русија по прекинот на огнот.
Подготвени сме и да забележиме дека, по прекинот на огнот, подготвени сме да седнеме во кој било формат, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме, вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Кијив.
Во обраќањето пред печатот, Путин рече дека со Кијив ќе може директно да се разговара за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
Имаме позитивен став кон прекинот на огнот, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе ненадејно 30-часовно велигденско примирје, за што двете страни меѓусебно се обвинуваа.