Аомори: Земјотресот се случи во 11:44 часот наутро на длабочина од 20 километри во крајбрежното подрачје на префектурата Аомори, неколку дена откако посилен земјотрес со јачина од 7,5 степени ја погоди истата област.
Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами до 1 метар. Јавниот радиодифузен сервис NHK соопшти дека земјотресот бил послаб од потресот во понеделникот, а властите соопштија дека не се откриени прекини во нуклеарните централи во областа.
По предупредувањето за цунами, бранови до 20 сантиметри ги погодија бреговите на префектурите Аомори и Хокаидо, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (JMA). Службениците ги повикаа жителите во погодените области да останат внимателни и да се преселат на повисоки места, велејќи дека се очекуваат повеќе потреси.




