Земјотресите на подрачјето на Скопје продолжуваат да ги плашат жителите на главниот град.

Во 15 часот и 56 минути регистриран е последниот земјотрес со јачина од 2.4 степени според Рихтеровата скала и е значајно посилен од тој во 13 часот и 20 минути кој беше 1.9 степени по Рихтер.

Епицентарот е регистриран источно од Скопје на 5 километри од Арачиново и Црешово.