Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала ги погоди островите Закинтос и Кефалонија во Јонското Море денеска рано попладне, објавија грчките медиуми.

Според Националната опсерваторија во Атина, епицентарот бил на 35 километри југозападно од селото Волимес на Закинтос и на длабочина од 8,7 километри.

Земјотресот е регистриран во 13:40 часот по локално време. Нема информации за повредени или материјални штети.