Земјотрес беше почувствуван во централна Хрватска околу два часот наутро, a епицентарот е помеѓу Петриња и Сисак, според првите податоци.  Сеизмолошката служба известува дека јачината била 4,2 степени според Рихтеровата скала. Половина час подоцна се случи уште еден, за среќа, многу послаб земјотрес.

Германскиот институт за земјотреси Геофон известува дека епицентарот бил во близина на Мала Горица помеѓу Петриња и Сисак, со јачина од 4,8 степени.

ЕМСЦ известува дека магнитудата била 4,7 степени според Рихтеровата скала.