Земјотрес од 5,2 степени според Рихтер ја потресе Албанија.
Потресот се почувствува во 15:58 минути по локално време, на длабочина од 10 километри и со епицентар 52 километри северно од Тирана, односно на 32 км западно од Пешкопи и на 2 километри северо-западно од Курбнеш.
Земјотресот е почувстуван и во Северо-западна Македонија, како и во главниот град Скопје.