Го поздравувам усвојувањето на повеќе реформски закони, вклучително и Законот за јавно обвинителство. Нивната имплементација треба да го зајакне владеењето на правото и ќе овозможат подобра професионализација и ефикасност на судството за добробит на граѓаните на Северна Македонија, објави евроамбасадорот во земјавам, Самуел Жбогар.
Евроамбасадорот го поздравува донесувањето на Законот за Советот за јавни обвинители и Законот за управување со движењето на предметите во судовите пред распуштање на Собранието поради закажаните избори на 12 април.
Овие закони, заедно со Законот за лицата без регулиран граѓански статус, и Изборниот законик, кореспондираат со препораките на Извештајот на ЕУ за земјава и ја потврдуваат заложбата на Северна Македонија да продолжи по патот на интеграцијата во Европската Унија, наведува Жбогар.