Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жбогар: Законот за јазиците ќе ги подобри односите во земјата

0
By Нова ТВ on March 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 19, 2018 13:17

Донесувањето на законот за јазиците ќе ги подобри односите помеѓу зедниците и ќе ја врати земјата на реформската агенда, оценка денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар, подвлекувајќи дека ЕУ се оптимисти во спроведувањето на законот.

Шефот на делегацијата на Европската унија во Македонија одговарајќи на новинарско прашање околу законот кој минатата недела беше донесен во Собранието, за време на посетата на Гостивар појасни дека меѓуетничките односи во мултиетничките општества треба константно да бидат негувани и да растат со што се подобрува климата на соживотот во едно општество.

– Јас разбирам дека законот за јазиците е важен за Албанците и тие го гледаат како последниот чекор, кој произлегува од Охридскиот рамковен договор. Донесувањето на овој закон за Албанците е од важност бидејќи така се чувствуваат поценети и прифатени во општеството и самата земја,  рече Жбогар.

Според евроамбасадорот во случај кога правата на една, немнозинска заедница се подобруваат тоа не би требало да им пречи или да се меша со правата на мнозинската заедница.

– Мислам дека мнозинската заедница не би требало да се почувствува дека на кој било начин нејзините права се загрозени. Чувствувам дека кај мнозинската заедница постои таков страв. Ние како ЕУ одблиску го следевме донесувањето на законот за јазиците и очекуваме тој да биде испратен до Венецијанската комисија, како впрочем и беше наведено во планот 3-6-9. Се надеваме дека овој закон ќе започне со имплементација и целосно почитување на европските стандарди и европските позитивни практики. Секако, очекуваме и дека имплементацијата ќе биде почитувана од сите чинители во општеството и во близок дијалог, подвлече амбасадорот Жбогар.

Тој очекува законот за јазиците да стапи во сила поскоро, со што, како што нагласи, ќе им се даде простор на Собранието и Владата да се фокусираат на европската агенда, која треба да биде приоритет.

Жбогар Закон за јазици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.