Србија, Словенија и Црна Гора се разминаа со бранителот на титулата, Франција во прелиминарната фаза на 24. Светско ракометно првенство за жени чиј домаќин ќе биде Јапонија кон крајот на оваа година.
Српската и словенечката репрезентација ќе играат во групата А заедно со Холандија, Норвешка, Ангола и Куба.
Французинките, пак, завршија во Б конкуренцијата заедно со Данска, Германија, Кореја, Бразил и Австралија.
Групата Ц ги обедини Романија, Унгарија, Црна Гора, Шпанија, Сенегал и Казахстан, а во групата Д ќе разигруваат Русија, Шведска, Јапонија, Кина, Аргентина и Конго.
Мечевите на женскиот ракометен мундијал ќе почнат на 29 ноември, ќе траат до 16 декември и ќе се играат во пет сали во Кумамото. По три најдобри селекции од секоја група ќе продолжат во главната фаза од која, пак, место во полуфиналето ќе има за двата најдобри тима од новоформиранире Е и Ф друштва.
Французинките ќе се обидат да ја одбранат титулата од СП 2017 во Германија каде во финалето ја совладаа Норвешка со 23:21. Освен победникот на турнирот, на Олимписките игри во Токио ќе се пласираат и репрезентациите од второто до седмото место на СП 2019.
Во квалификациите учествуваше и македонската репрезентација која беше елиминирана од Шведска во баражот.
Светско првенство во ракомет (ж) – Јапонија 2019 (29 ноември – 16 декември)
Група А: Холандија, Норвешка, Србија, Словенија, Ангола, Куба
Група Б: Франција, Данска, Германија, Кореја, Бразил, Австралија
Група Ц: Романија, Унгарија, Црна Гора, Шпанија, Сенегал, Казахстанж
Група Д: Русија, Шведска, Јапонија, Кина, Аргентина, Конго