Во железничка несреќа утрово во Австрија повредени се околу 80 луѓе, меѓу кои има и многу деца, јавија локалните медиуми.
Несреќата се случила кај градот Санкт Пелтен, кога воз излетал од шините, а неколку вагони се превртиле. Во моментов трае спасувачката акција. Засега не се познати причините за несреќата.