Македонски железници Транспорт АД – Скопје соопшти дека се приклучува во прославата на најголемиот Христијански празник Велигден. За таа цел во сообраќај, ќе ја вклучи новата патничка гарнитура на релација Скопје – Гевгелија – Скопје, брендирана како „Велигденски воз“, на кој ќе бидат забележливи мотиви од Велигденското чествување од македонската христијанска традиција.

„Велигденскиот воз“ ќе биде одлична можност за сите патници да уживаат во своето патување и да го почувствуваат духот на претстојниот празник, велат од Железница.

Според фотографиите кои ги сподели Железница во медиумите, може да се види дека возот веќе е подготвен и украсен со велигденски јајца.