Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жените жртви на сексуално вознемирување на работа ретко тужат

0
By Нова ТВ on December 6, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 6, 2018 13:58

Има висок степен на вознемирување на жените на работните места и не постојат силни механизми за нејзина заштита. Жената-жртва на сексуално вознемирување на работното место ретко покренува судски спор и најчесто целата работа се врти околу тоа што направила таа и дали провоцирала, укажуваат невладините организации кои се занимаваат со оваа проблематика. Од друга страна, проблем е и тоа што судските спорови се долги и скапи.

Препорачуваат да се направи сеопфатна анализа и да се види дали е добра имплементацијата на законот и дали постојат доволно добри заштитни механизми.

– Во моментот немаме сеопфатно истражување кое укажува колкав е степенот на сексуалното вознемирување на жените на работното место. Како граѓанска организација со балканските земји правиме истражување за дискриминација на жените на работното место од кое треба да произлезе колку од жените се жртви на сексуално вознемирување, изјави Сашка Илиќ од истражувачката организација „Реактор“ пред почетокот на денешната дебата „Создавање на безбедна работна средина за жените“ организирана во рамки на кампањата „Слушни ја!-16 дена активизам против родово базирано насилство“.

Според законот, жената жртва на сексуално вознемирување прво треба да се обрати до работодавачот, а доколку не се најде решение, тогаш таа има право да покрене судски спор.

– Според првичните наоди што ги имаме, проблемот во овој случај е тоа што судските процеси се долги и премногу скапи, а исто така и не многу жени се осмелуваат да покренат вакви постапки. Дополнително кај нас се уште постои стигма и немаме култура за овие проблеми да се разговара отворено, а и секогаш се врти работата кон жртвата, односно што таа направила, дали провоцирала и.т.н. Така што би рекла дека не постојат силни механизми за заштита на жените на работното место од сексуално вознемирување, истакнува Илиќ.

Од Американската стопанска комора на Македонија (АмЧам), која е организатор на трибината, велат дека она кон што треба да тежнеат компаниите се етичкото и добро работење и примена на универзалните деловни принципи.

Според извршната директорка на АмЧам, Дијана Десподов, работното место е местото каде го поминуваме најголемиот дел од денот и поголемиот дел од животот и императив е да се создаде атмосфера во која жените ќе се чуствуваат слободно и безбедно за да може да го исполнат својот потенцијал и да бидат повеќе продуктивни.

Денешната дебата е организирана во соработка со Американската амбасада во Република Македонија.

Ам Чам Амбасада на САД Реактор сексулано вознемирување на работа тужби
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.