Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Женска надеж во Ф1: Татјана Калдерон нов тест возач на Заубер

0
By Нова ТВ on February 28, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 28, 2017 21:14

Татјана Калдерон (23) е новата женска надеж во Формула 1. Колумбијката се придружи на Заубер како развоен пилот, а паралелно со таквата улога во швајцарската екипа, ќе настапува и во Гран При 3 серијата.

„Ова е извонредна прилика и голем чекор за остварување на мојот сон да настапам во трка во Формула 1 шампионатот“, рече Калдерон. Последен колумбиски пилот во „летечкиот циркус“ беше Хуан Пало Монтоја кој од 2001 година до 2006 година возеше за тимовите на Вилијамс и на Мекларен, а пред 35 години и Пабло Гвереро.

Калдерон е во тркачките серии од 12 годишна возраст. Почна со картинг и возеше уште во Формула Рено, во британската Формула 3 и во „Florida Winter Series“, натпреварување во кое за ривали ги имаше денешните Ф1 пилоти Макс Ферстапен и Ленс Строл.

Само пет жени во Формула 1 од 1950 година, последна Ломбади пред 41 година

Историјата на Формула 1 познава дава само пет жени што учествувале во квалификации или во официјална трка наспроти, околу, 850 мажи. Последна беше Лела Ломбарди која пред 41 година настапи за Големата награда на Австрија. Италијанката имаше 17 настапи во квалификации и 12 трки. Таа е единствена засега со освоени бодови, поточно, бод. Го освои во Големата награда на Шпанија во 1975 година што беше прекината по 29 круга поради тешкиот инцидент во кој загинаа пет гледачи.

Во моментот на прекин Ломбарди беше шеста, но бодовите на крајот беа преполовени бидејќи не минаа две третини од трката. Учество во Формула 1, покрај неа, имаат и Италијанките Марија Тереза де Филипис и Џована Амати, Британката Дивајн Галика и Јужноафриканката Дизајр Вилсон. Амати, пак, беше последна што возеше во квалификации во 1992 година.

По неа имаше уште неколку девојки кои, воглавно, беа развојни или тест возачи. Тие никогаш не добија прилика во квалификации или во една трка. Сузи Волф, во јули во 2014 година, настапи за Вилијамс во тренинзи во Силверстон, а во 2015 година се повлече од Формула 1.

Заубер Пилот Татјана Калдерон Формула 1
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.