Шведска стави крај на серијата од 44 натпревари без пораз на САД, совладувајќи го денеска актуелниот светски првак со 3:0 во премиерниот натпревар од групата Г на женскиот турнир во фудбал на Олимписките игри во Токио.
Сензационалната победа на Швеѓанките на Олимпискиот стадион во Токио им ја донесоа двојниот стрелец Стина Блакстениус и Лина Хуртиг.
Во првиот натпревар од групата Е, Велика Британија го совлада Чиле со 2:0, додека Бразил тргна победнички во групата Ф, декласирајќи ја Кина со 5:0.
ОИ во Токио, фудбал (ж)
Резултати, 1 коло
Група Е
Велика Британија – Чиле 2:0
Канада – Јапонија 1:1
Група Ф
Кина – Бразил 0:5
Замбија – Холандија 3:10
Група Г
Шведска – САД 3:0
Австралија – Нов Зеланд 2:1