Со ждрепка во Хамбург беа формирани групите за 23. Светско ракометно првенство за жени што ќе се одржи во Германија од 1 до 17 декември оваа година.
Во групата А (Трир) ќе играат репрезентациите на Франција, на Романија, на Шпанија, на Словенија, на Ангола и на Парагвај. Групата Б (Битигхајм Бисинген) ја сочинуваат Норвешка, Шведска, Чешка, Унгарија, Аргентина и Полска.
Олденбург ќе биде домаќин на натпреварите во Ц конкуренцијата во која завршија селекциите на Данска, Русија, Бразил, Црна Гора, Јапонија и Тунис, а групата Д (Лајпциг) ќе понуди пресметки меѓу Холандија, Германија, Србија, Јужна Кореја, Кина и Камерун.
Осминафиналните и четврт-финалните дуели ќе се одиграат во Лајпциг и Магдебург, завршниот викенд ќе биде во Хамбург. Бранител на титулата е Норвешка. Македонија не успеа до мундијалска виза по елиминацијата од Шведска во бараж двомечот.
Германија беше единствената земја што поднесе кандидатура за организација на СП 2017, турнир чиј домаќин беше во 1965 година и во 1997 година.