Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски: Мицкоски многу лаже

0
By Zoran Ivanov on March 9, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 9, 2026 12:49

Христијан Мицкоски лаже. Од сите премиери во светот, од сите премиери во Европа има само еден, и тоа е на овој брдовитиот Балкан, поточно во Македонија, којшто употребува термин којшто досега не е познат во политиката. Тоа е терминот „вистинска вистина“. Сте го слушнале. Но кој човек зборува за вистинска вистина? Оној што има друга вистина. Тоа е лажна вистина, истакна на прес-конференција Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Токму тоа е тема на денешната прес-конференција. Тоа е лажната вистина на Христијан Мицкоски.
Ајде да видиме дали СДСМ лаже кога вели дека Мицкоски лаже. Со лага дојде на власт. Во октомври 2019 година изјави дека „ако ги изгубам парламентарните избори ќе си дадам оставка“ Ги изгуби парламентарните избори, не си даде оставка. Излажа. Дојде на власт со лага. Кажа, вети на граѓаните, на гласачите дека кога ќе дојде на власт ќе го промени Преспанскиот договор, ќе го промени уставното име, ќе го врати старото име. Повторно излажа, но не им кажа на гласачите, не им кажа на граѓаните дека тоа значи ќе бидеме ФИРОМ, дека ќе бидеме БЈРМ.

Не им кажа дека треба да го напуштиме НАТО и дека нема да бидеме безбедни.

Сега, додава Жерновски, измислува повторно конфликти со соседите, сè со цел, како што рече, да ја држи земјата изолирана и Македонија да има блокиран европски пат.

Рече дека доколку се открие поврзаност помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и него и агенцијата за обезбедување од дискотеката „Пулс“ во Кочани, дека ќе си даде оставка. Повторно излажа. Потоа велеше, како советник на Никола Груевски, дека работи про боно. Се сеќавате? Повторно излажа.
Значи може да констатираме што прави Мицкоски кога ќе го фатите во лага. Одговара со нова лага. Ветуваше одговорност, ветуваше правда. Сега го штити Тошковски.
Меѓутоа криминалците останаа во власта, во врвот на власта, одговорност нема, а правдата е погребана.

Пред неколку дена во македонското Собрание, на прашање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за негова поврзаност со Душан Адамовиќ, рече дека зад неговата поставеност како конзул на Србија стои, цитирам, македонскиот амбасадор. Повторна лага.

Бидејќи почесен конзул, кај нас, се носи со одлука на Влада, на седница на Влада, на предлог на Влада, како и амбасадор. Повторно излажа. Ајде да видиме кој стои зад назначувањето, всушност, на Адамовиќ.

Оваа слика позади мене објаснува сè. Погледнете кои се на сликата. Се разбира Христијан Мицкоски, понатаму Душан Адамовиќ и претседателот на СНС, сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, Милош Вучевиќ.

Сè е лага, оценува Жерновски. Според него, сите настапи, целата политика на Мицкоски се лага.

Граѓаните, како што рече, веќе знаат дека неговите зборови ништо не значат.

40% од медиумите се под контрола на мрежата на Орбан и тоа е начинот на којшто таа шарена лага успева да допре до граѓаните и ние ќе се бориме против тоа.

Мицкоски многу лаже. Не дозволувајте повеќе овој човек да ве лаже и понатаму.

 

лаже Мицкоски СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.