Четворица граѓани кои вчера беа во посета на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски денеска го посетија градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Граѓаните со Жерновски разговараа за загадувањето и за тоа што планира Жерновски да преземе за да се намали загадувањето на главниот град.
По средбата, Жерновски изјави дека според законските можности, моментално, општините немаат ингеренции да преземаат ништо.
Градоначалникот на Центар смета дека пар-непар е мерка која би придонела за намалување на загадувањето и побара од надлежните институции да ја разгледаат оваа можност.
Вчера истите граѓани беа на кафе кај Трајановски кој им рече дека Градот прави се што може за да се намали загадувањето во Скопје.