Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жителите на Ѓорче на протести, властите ветуваат семафори за 10 дена

0
By Соња Петрушевска on April 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 16, 2018 16:01

Жителите на Ѓорче Петров за денеска во 18 часот најавија нови протести, по последната сообраќајна несреќа која се случи вчера, а во која беше повредено десетгодишно дете. Детето има тешки телесни повреди, но е во добра здравствена состојба.

Ѓорчевци на протест

„10 годишно дете е тешко повредено поради неприлагодена брзина.  Затоа повикуваме на мирен протест пред школото Мирче Ацев од 18:00. Сакаме конечно решение за сите жители на Ѓорче Петров и решение за дивееето во сообраќајот!“, пишува во повикот за протест, организиран од жители на Општина Ѓорче Петров.

Тие бараат да се постави сигнализација долж целата улица и да се зголеми присуството на полицајци, за да се избегнат вакви несреќи. Соња Таневска, член на советот на родители во училиштето “Мирче Ацев” која е и дел од граѓанскиот протест во Општина Ѓорче Петров вели дека три години бараат да се постават семафори, но досега на нивните барање не одговориле ниту од  општината, ниту од Град Скопје.

„Неколкупати досега имаме протестирано по што бевме повикани и на разговор во Град Скопје, ветувања имаше но ништо не се случи. Улицата секојдневно ја преминуваат децата од училиштето  „Мирче Ацев“ кое е во близина. Но, немаат проблем  само децата, улицата секојдневно ја преминуваат и возрасни лица, се работи за фреквентна улица, во близина има многу згради и куќи. Се вози пребрзо и  опасно е секојдневно да се  поминува улицата“ изјави Соња Таневска за НОВА.

Несреќата во која беше повредено десетгодишното дете се случи  вчера околу 18.30 часот на улицата „Борис Сарафов“ кога  патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј. (46) од Скопје удрило во 10-годишно момче.

По ударот детето било пренесено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и било задржано на лекување, пишува во билтенот од МВР.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски за НОВА изјави дека пред неколку дена добиле одобрение од МВР  да постават семафори.

„Пред три , четири дена добивме согласност од МВР за да се постават семафори и за десет дена ќе бидат поставени“ рече за НОВА, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски.

Од почетокот на годинава на улицата „Борис Сарафов“ се случиле четири сообраќајни несреќи во кои биле повредени две деца и двајца повозрасни жители на општината. Во овој период – од почетокот на годинава до 15 април, полицајците  напишале дури 237 казни на возачи на улицата „Борис Сарафов“- најголем број биле за пребрзо возење.

Но и покрај ветувањето од Општината дека наскоро ќе бидат поставени семафори, жителите на Ѓорче Петров велат дека протестите ќе продолжат се додека  не се исполнат нивните барања. За поголема безбедност, тие предлагаат да се постават и  лежечки полицајци поради кои возачите ќе мора да ја намалат брзината на овој булевар.

Дете прегазено Ѓорче Петров протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.