Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жителите на „Ново Маало“ најавуваат тужба против можен мораториум за изградба на комплексот „Гранд“

0
By Mirjana on December 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Жителите  на Ново Маало се подготвени со тужби доколку е тоа потребно да се спротивстават на  обидите за блокирање на реализација на комплексот „Гранд“. Велат дека се револтирани од реакциите на граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ и нивниот обид да се суспендира градбата на комплексот на паркингот спроти „Холидеј Ин“ која почна пред десетина дена.

– Изминативе 70 години ние бевме жртви на институциите кои нè водеа низ бескрајни лавиринти и нема да дозволиме некои активисти да си поигруваат со нас. Токму поради тие активисти и конкретно сега актуелната советничка во Општина Центар Јана Белчева, ние со години не смеевме да направиме никаква интервенција на сопствениот дом, за колку-толку да си ги подобриме условите за живот, вели Игор Стојанов жител на Ново Маало.

Тој и останатите жители од оваа локација, и забележуваат на Јана Белчева за мораториумот за градби во Центар што го изгласа Советот на општината во 2017 година а поради што претрпеле штета додавајќи, оти таа не кажува зошто е исклучен спорниот ДУП Ј07 на Водно.

– Таа личниот интерес го става пред интересите на нејзините сограѓани во Општина Центар кои ги држи во агонија цели три години со нејзиниот незаконски мораториум. Воедно, најавуваме и дека ќе поднесеме претставка до Советот на Општина Центар, до градоначалникот и до Антикорупциска да го истражат овој случај, а ги покануваме и медиумите сами да истражат зошто ДУП Ј07 не беше под мораториумот на Јана Белчева. Никој нема право да одлучува за нашите имоти и нашите животи и многу важно за сите таканаречени активисти – Ново Маало не е јавен простор, порача Стојанов.

ако има мораториум за градба кај Холидеј ин Жителите на Ново Маало тужби
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.