Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Живаљевиќ: Моето име се користи за да се прикријат правите виновници

2
By Нова ТВ on September 12, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 12, 2017 15:08

Службеникот на БИА, Србинот Горан Живаљевиќ, во најновото свое гостување во српски медиум, тврди дека по службена должност се нашол во македонското Собрание на 27.април кога беа нападнати пратениците од тогашната опозиција и новинарите.

Тој потенцира дека неговото име се користи во јавноста за да се одвлече вниманието од вистинските провокатори и насилници.

Живаљевиќ тврди дека во Собранието дошол дури  два часа по насилството, а во прилог на своето тврдење дека се одвлекува вниманието од вистинските насилници го споменал присуството на Игор Југ, поддржувач на Хрватските ослободителни сили (ХОС), кој бил облечен во кошула со шаховница и можеби, имал  и оружје. Според него,  Југ не бил уапсен, ниту, пак, тепачите со маски.

Тој смета дека единствен доказ за неговото присуство внатре било „селфито” што тој  самиот  го испратил на советникот на  безбедност на македонскиот претседател, Синиша Алексоски.

Алексоски тогаш бил во  Охрид и кога, како што изјавил, го прашал каде е му го пратил „селфито“ од  Собранието.

Тој посочи дека целата афера избила речиси еден месец по настаните во Собранието, но кога приказната за него како тепач не поминала требало да му се прикачи дека е поврзан со руската разузнавачка служба.

„Требаше да се најде моја врска со руските служби. Патем, јас никогаш не сум бил во Русија и никогаш не сум бил во контакт со некој  Русин. Се дружев со претставници на сите главни служби, но никогаш со Русите”, рече Живаљевиќ.

Тој вели дека околу 19 часот на 27.април примил повик од Белград и му било кажано дека е можно проширување на судирите со српски навивачки групи и дека треба да ги лоцира и да ги спречи, а со тоа и да ги извести македонските служби.

Дозволата за тоа, кој му ја дал да се најде внатре во македонскиот Законодавен дом, се уште е мистерија, откако тој прво посочи дека македонските служби му дале дозвола а потоа дека добил дозвола од претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, односно негов советник.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ тврди дека ниту една институција додека тие управувале со власта во Македонија, нема дадено дозвола и дека ако таква постои, сегашната влада предводена од СДСМ, требало да ја објави во јавноста.

27.април БИА Горан Живаљевиќ Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.