Зинедин Зидан го повлече првиот кадровски потег по враќањето во Реал Мадрид. Овојпат не е поврзано со екипата туку со неговиот стручен штаб чиј дел во иднина ќе биде Роберто Карлос. Бразилецот се враќа на „Сантијаго Бернабеу“, но нема да работи исклучиво со првата екипа на „кралевите“. Фокусот ќе биде, пред се, кај Б тимот, а според договорот ќе биде вклучен и кај сениорите иако е сè уште нејасно во каква улога.
Шпанските медиуми пишуваат дека Карлос ќе работи со најталентираните фудбалери во младинскиот погон, популарната „Ла Фабрика“, што треба да биде од големо значење за интеграцијата кај „галактикоси“.
Роберто Карлос во изминатите години работеше во Сиваспор и Ахисар Истанбул во Турција и во Анжи Махачкала.