Наместо лесна „тројка“ само бод. Фудбалерите на Реал Мадрид за малку ќе направеа „од готово – вересија“ во Варшава ако и нерешените 3:3 против Легија не се тоа. Вина за двата загубени бода пред празни трибини во главниот град на Полска ја презеде Зинедин Зидан кој натпреварот го опиша како чуден.
„Чуден меч. Кога ќе дадете два гола, не смеете да тргнете нога од гас. Тоа е моја грешка. Добро што не загубивме“, признава Французинот на клупата на Реал.
Бејл постигна гол во првата минута, Бензема во 35, а „кралевите“ на крајот ги вадеше Ковачиќ во 85.
„Не сме навикнати да играме пред празни трибини што, секако, не треба да биде изговор. Не сме среќни по ова. Имавме игра, имавме 2:0, но не го скршивме противникот. Мораме подобро во одбрана, мораме да научиме да ги приведуваме натпреварите до крај“, коментира велшкиот репрезентативец.