Екипи од зимската служба на Град Скопје се излезени на терен и активно работат, со цел булеварите и улиците под надлежност на градот да бидат чисти и проодни и да нема застој во сообраќајот поради снегот, се вели во соопштението на Град Скопје.

Притоа се наведени десетина локации низ поширокиот дел на главниот град на кои било интервенирано досега. Како исчистени се посочени: булевар „Словенија“, булевар „Никола Карев“, населба „Даме Груев“ кон новоселски пат, улица „Радишанска“, улиците низ Општина Шуто Оризари, улиците низ населба Драчево, последна 24-ка во Сопиште, патот кон Детската клиника во Козле, патот од Горно Нерези кон Клинички центар „Мајка Тереза“, улица „Павел Шатев“, клучката кај „Континентал“, мост Маџари, мост Бардовци и булевар „Босна и Херцеговина“.

Од Град Скопје потсетуваат дека во нивна надлежност се булеварите и поголемите градски улици, додека другите улици се под ингеренции на општините кои се задолжени за нивно чистење и одржување.