Пред Министерството за надворешни работи од утрово се поставени знамињата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Знамињата се поставени во пресрет на претседавањето на Северна Македонија со Организацијата од 1 јануари 2023.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи неделава кажа дека претседавањето со ОБСЕ идната година ќе биде одлична можност за земјава, додавајќи дека „имаме што да ѝ понудиме на ОБСЕ и не случајно нѐ избрале за претседавачи“.
ОБСЕ е најголема безбедносна организација во која членуваат САД и Русија.