Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ и ССНМ: Новинар и снимател од Алсат спречени да ја работат својата работа

0
By Marija Todorovska on January 24, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 24, 2024 12:34

„Утринава пристигна пријава до ЗНМ од страна новинарска екипа на телевизија Алсат која била спречена да ја врши професионално својата работа за време на протестот во општина Чашка пред ОУ „Тодор Јанев“ против воведување паралелка на албански јазик во училиштето.

Откако колегата Авни Тахири и снимателот Новица Апостолоски пристигнале пред општината, дел од луѓето што протестираат им забраниле пристап и влез во општината и почнале вербално да ги напаѓаат, притоа пробале и физички да ја тргнат камерата, како што се гледа и од видеото објавено на официјалната Фејсбук страната на ТВ Алсат.

„Шо снимаш бе… Симни ја камерата, 100 пати ти рекоа симни ја камерата, прекини!“

На реакција на снимателот Апостолоски кој вели – не сум дома дојден да снимам, еден од протестантите вели: „Па дома ми дојде, мое е ова бе, шо државно бе, само тоа сте научиле, тргни се оттаму ајде“.

Потоа, по кратка недолична конверзација, лицето кое се обидува да го избрка снимателот, влегува во општината и не дозволува да влезе во општината.

Според кажувањето на колегата Тахири, по завршување на инцидентот, тие повторно се обиделе да влезат во општината со цел да земат изјава од градоначалникот, но уште еднаш биле спречени да влезат, овој пат од чуварот во општината.

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) бара објаснување од страна на општината во врска со спречувањето на новинарската екипа да влезе во јавна установа. Сакаме јасно да истакнеме дека односот кон новинарите и медиумите кои работат на терен е од критична важност за слободата на информирање и изразување во демократското општество. Насилството и спречувањето на новинарите да ја извршуваат својата професионална задача е неприфатливо, не е во сообразност со демократските вредности и придонесува кон цензура.“, информираат од Здружение на новинари на Македонија.

 

ЗНМ новинари ССНМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.