Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ: Новинарите да не го следат протестот на „За заедничка Македонија“

0
By Нова ТВ on March 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 1, 2017 16:03

Здружението на новинарите на Македонија ги осудува нападите на колегите од А1Он, новинарот Александар Тодевски и камерманот Владимир Желчевски, кои синоќа беа претепани од учесници на протестот организиран од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Од ЗНМ очекуваат МВР брзо да ги идентификува насилниците и да поднесе соодветни пријави, а судот најостро да ги санкционира.

„Насилството врз новинари претставува најсериозен атак на слободата на медиумите и негирање на фундаменталното право на јавноста да биде информирана. Политиката на неказнивост на насилството врз новинари, која власта ја спроведува, ги поттикнува ваквите напади. Го повикуваме лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, јавно да го осуди вчерашниот напад врз новинарите и да ги повика неговите приврзаници на протести да не напаѓаат новинари“, велат од ЗНМ.

Од здружението ги повикуваат новинарите да не известуваат од вечерашниот протест на иницијативата „За заедничка Македонија“.

„Во иднина нашиот став во врска со покривање на овие настани ќе зависи од подготвеноста на организаторите и на МВР да обезбедат услови за работа на новинарските екипи“, велат од здружениево.

бојкот За заедничка Македонија ЗНМ новинари протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.