Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зоки Кичеец – осомничен во „Рекет“ оди во куќен притвор

0
By Нова ТВ on September 24, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 24, 2019 14:56

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје го прифати барањето на адвокатите  на Зоран Милески, познат како Зоки Кичеец кој е второосомничен за „Рекет“ и  мерката притвор му ја замени со куќен притвор. Одлуката е донесена откако Судот добил позитивно мислење од Обвинителството за гонење на организиран криминал.

„Денеска  по добиено позитивно мислење од обвинителството, предлогот на одбраната да биде уважен како основан, судијата на претходна постапка, согласно Законските одредби,  донесе решение со кое мерката притвор се укинува и се определува мерка куќен притвор.

Со оглед дека жалбата не го одлага извршувањето, решението е испратено до странките, а обвинетиот ќе биде спроводен на издржување на мерката куќен притвор во неговиот дом“ рекоа од Судот.

Зоран Милески утре е повикан во Обвинителството да изврши увид во доказите и да даде исказ.

Тој оди во куќен притвор, само два дена откако Обвинителството соопшти дека е завршена истрагата за Рекет.

И адвокатите на Катица Јанева изјавија дека со завршувањето на истрагата нема повеќе основи таа да биде во притвор.

Тие најавија дека веднаш откако ќе го добијат известувањето дека истрагата е завршена ќе поднесат барање до Судот, таа да излезе од затворот во Шутка.

Адвокатите на Јанева: Со завршување на истрагата, таа треба да биде ослободена од притвор

Зоран Милевски е во притвор од јули, односно повеќе од два месеци. Тој беше уапсен истиот ден со Боки 13 и се осомничени за примање на награда за противзаконито влијание  односно дека  за износ од 1,5 милиони евра кои ги зеле од Камчев требало да му обезбедат ослободување  од случајот „Империја“ на СЈО.

Зоран Милески за разлика од Бојан Јовановски веќе даде  исказ кај Русковска за случајот Рекет, додека истрагата се уште траеше.

Кичеец притвор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.