Македонските граѓаните од утре повторно ќе можат да се дружат и да уживаат со животните во Зоолошката градина во Скопје. Отворањето е планирано за утре во 9 часот претпладне, но поради ситуацијата со ковид-19 ќе има нов протокол за движење и придржување кон мерките.
Посетителите при влез во ЗОО Скопје ќе треба да носат маска или марама, ќе се чека во ред на дистанца од 1,5 метри, позиции што се уредно обележани. Строго е забрането хранење и доближување до животните, а отпадоците ќе мора да се фрлаат во корпите.
Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта. Низ зоолошката градина, посетителите ќе мора да држат дистанца од другите посетители. Од скопската ЗОО информираат дека бројот на посетители ќе биде ограничен, со цел да не се создава поголема гужва низ градината.