Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зоран Божиновски излегува од притвор

22
By Нова ТВ on July 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 14, 2017 11:35

Кривичниот суд во Скопје денес го ослободи од притвор новинарот Зоран Божиновски, мерката притвор е заменета со друга мерка на претпазливост, соопштија од Здржението на новинарите на Македонија.

„Македонија излезе од срамната листа на земји каде има новинари во затвор!“, пишува во кусата објава на ЗНМ.

ЗНМ постојано бараше новинарот Зоран Божиновски да се пушти од притвор и да му се овозможи да се брани од слобода. Оттаму предупредуваа дека држење во притвор на новинар скоро три години, во екстрадиционен притвор во Србија и притвор во Македонија, е апсолутно незабележана практика во слободни и демократски земји.

„Ослободувањето на Божиновски ќе ја одвои Македонија од групата на авторитарните земји во Европа, како што е Турција, Русија и Азербејџан, каде постојано се прогонуваат новинари“, апелираа од ЗНМ.

Во случајот „Шпион, на  18 обвинети им се суди за злосторничко здружување, шпионажа и уцена, опфатени се поранешни и сегашни разузнавачи од цивилното и военото разузнавање, екс полициски службеници, екс директорот на Управата за борба против перење пари, екс шефот на Кабинетот на Претседателот на Собранието на Република Македонија.

Меѓу нив е и новинарот Зоран Божиновски кој се товари за три дела, но неговата постапка беше во прекин, затоа што српските власти кои го уапсија во 2013 година, не ѝ го испорачуваа на Македонија, сѐ до март лани, кога во „брза“ постапка, за само еден ден, беше екстрадиран.

Во септември Божиновски една недела штрајкуваше со глад во притворското одделение поради неоправданото продолжување на притворот и одолговлекувањето на судскиот процес, кој и после шест месеци од неговата екстрадиција не започна.

ЗНМ повеќе пати побара укинување во притворот од судијката Сандра Крстиќ, која подоцна побара и нејзино изземање од случајот поради како што навела семејни причини.

Кон апелите за укинување на притворот на Божиновски се приклучи и Европската федерација на новинари, чиј генерален секретар Рикардо Гутиерез беше во Македонија, но судот го игнорираше неговото барање за посета на Божиновски.

Случајот е пријавен и во Советот на Европа, чии препораки за безбедноста на новинарите, тогашната Влада на ВМРО ДПМНЕ ги потпиша во април 2016.

ЗНМ Зоран Божиновски притвор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.