Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

 Зошто утре треба да се протестира !?

0
By Zoran Ivanov on April 15, 2026 КУЛТУРА, УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 15, 2026 22:34

Слободан Трендафилов: Не е во прашање само Колективниот договор за култура, во прашање се сите колективни договори во кои има утврдено начин и методологија на пресметка на плата, без оглед на тоа дали е просечна или минимална плата по коефициент за сложеност, без оглед на тоа дали е најниска плата по коефициент на сложеност, без оглед на тоа дали е дополнителен % за зголемување на плата, итн.

За сите други е јасно дека остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори, но зошто тоа не е јасно за Уставните судии !?

Член 32 од Уставот утврдува дека:

,,Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност.

Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место.

Секој вработен има право на соодветна заработувачка.

Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор.

Од овие права вработените не можат да се откажат.

Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.”

Согласно Уставот, Колективните договори имаат сила на Закон, а во Уставот е предвидено дека Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори, а од овие права вработените не можат да се откажат !

Дополнително, член 1, став 2 од Законот за работните односи предвидува дека ,,Работниот однос се УРЕДУВА со овој и со друг закон, колективен договор и договорот за вработување.”

Дополнително, во Законот за работните односи, во член 105, став 1 е предвидено дека ,,Работникот има право на заработувачка – плата, согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување.”

И покрај тоа, Уставните судии одлучиле да поведат постапка за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура и тоа поставувајќи си три клучни прашања:

1.Дали колективниот договор ја надминува законската делегација,

2.Дали воспоставува автономен платен систем без законска рамка и

3.Дали обезбедува јасни и објективни критериуми за утврдување на платите.

Одговорот е ист за сите три, тоа уставните судии добро го знаат, а тоа е :

Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори, работниот однос се УРЕДУВА со овој и со друг закон, колективен договор и договорот за вработување, а работникот има право на заработувачка – плата, согласно со закон, колективен

договор и договорот за вработување.

Ова го гарантираат Уставот, Законите, колективните договори, но и Меѓународните трудови стандарди на МОТ, му се допаѓало тоа некому или не !

Но дали си ги поставиле најважните три прашања :

1.Која е намерата за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура,

  1. Дали тоа тоа ќе повлече укинување на сите колективни договори каде што има утврдено начин на пресметка на плата
  2. Чија желба е тоа ?

Поддршка на Синдикат на културата на Република Македонија и на вработените во културата.

Извор: Фејсбук

 

Слободан Трендафилов став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.