Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Букстар: Вчера Жижек, утре интернационална книжевна маса

0
By Нова ТВ on October 29, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 29, 2017 14:37

Фестивалот на европската книжевност „BookStar“ најавувува два специјални настана на годинашното издание на Фестивалот, кои ќе се одржат утре, 30 октомври, во Кино Култура. Синоќа пак во рамки на „Букстар“ во МКЦ се одржа промоцијата на книгата „Нема друга“ на Јела Кречич, на кој беше присутен и нејзиниот сопруг, познатиот философ Славој Жижек.

Во понеделник, во 20 часот ќе започне книжевната маса „Hold Me, Thrill Me, Kiss Me, Kill Me“ на тема „ограничувањата и предностите на жанровската литература“. Модератор на дебатата ќе биде Владимир Јанковски, а ќе учествуваат гостинот од Шведска Хокан Несер, како и Македонците Елизабета Шелева, Влада Урошевиќ и Калина Малеска.

Во историјата на книжевноста, поточно во валоризацијата на книжевните дела, веќе одамна е напуштена идејата за големата разлика меѓу т.н. високи и ниски книжевни жанрови, т.е. жанрови што имаат високи уметнички дострели и жанрови што служат само за забава, т.е. се дел од популарната култура. Во рамките на разговорот ќе бидат отворени овие прашања – како одредена литература што припаѓа на еден строго одреден жанр станува литература што ги надминува капацитетите и можностите на жанрот; дали жанрот ограничува или дава слобода; можеме ли да зборуваме за жанрови во денешната ситуација со литературната сцена; како жанрот е поставен во контекст на пулп-литературата; дали издавачките стратегии на ставањето на книгите во одредена рамка, маркетиншка ниша, негативно влијаат врз литературата…

Веднаш по дискусијата, со почеток во 21 часот, ќе бидат прикажани филмовите „Четврток“, „Пред дождот“, „Крајот на времето“ и „Бикини мун“ (најава) од македонскиот уметнички маг Милчо Манчевски. Фестивалскиот слоган „Читај бе, братучед, читај!“ всушност е адаптација на една од најлегендарните реплики на филм токму од Манчевски.

Следниот ден, на 31 октомври, најпрво во Книжарницата „Антолог“ на ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 во 11 часот ќе се одржи програмската активност „На кафе со Хокан Несер“, а од 20 часот во Клуб ресторанот МКЦ ќе се одржи и промоција на неговата книга „Во окото на свеста“.

Вчера пак во МКЦ се одржа промоцијата на книгата „Нема друга“, прв роман на словенечката новинарка Јела Кречич. Таа е сопруга на влијателниот философ Славој Жижек, кој ја придружуваше на промоцијата во Скопје, на задоволство на неговите фанови. 

Славој Жижек за процесот на пишување на книгата од неговата трета сопруга има изјавено: „Морам да признаам дека ’Нема друга‘ ме преплаши. Јас сум жртвата при пишувањето на оваа книга. Сега зборувам како претставник на работничката класа. Додека жена ми ја пишуваше својата книга во вечерните часови, јас имав други задачи: јас морав да цедам портокали за да има свеж сок, да ги мијам садовите, да правам чај и така натаму и така натаму…“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.