Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И физичките лица ќе треба да плаќаат ДДВ

0
By Нова ТВ on January 19, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 19, 2018 16:23

Физичките лица кои остваруваат промет повисок од еден милион денари мора да плаќаат ДДВ и за тоа не треба да има никакви дискусии или дилеми, вели советникот во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ. Додека во стручната јавност има низа дилеми околу тоа кои категории граѓани треба да бидат ДДВ обврзници, Јовановиќ е категоричен: „Обврзник е секое лице кое врши самостојна стопанска дејност.“

„И тука нема никаква промена направена во изминатиов период. Ова е од секогаш, од самото донесување на законот за ДДВ односно од 1999 година. Прашањето што се поставува е зошто ова порано не се спроведувало?“, вели Јовановиќ за Алсат.

Сепак, законот за ДДВ не прецизира што се подразбира под терминот „стопанска дејност“. УЈП првпат минатата година побара од физичките лица да се регистрираат како ДДВ обврзници, но по реакциите во јавноста немаше казни за оние кои не ја испочитувале обврската. Поради тоа, таа не се спроведе во пракса.

Истото УЈО го повтори и годинава, но само со објавување повик на својата интернет страница и тоа на 11-ти јануари, само четири дена пред истекот на законскиот рок за регистрација. Оттаму сега нема информација колку физички лица се регистрирале и дали ќе има казни за оние кои не го направиле тоа. Според Јовановиќ, целта не е да се приберат повеќе пари во буџетот.

„Еден милион денари на годишно ниво се околу 16.000 евра што на месечно ниво се околу 1.400 евра. 1.400 евра отприлика заработуваат најбогатите еден процент од луѓето така што со оваа обврска да се плаќа ДДВ на прометот што надминува еден милион денари практично не се даночат сиромашните или најголем дел од луѓето, се даночат најбогатите еден процент од луѓето“, додава Јовановиќ.

Во брошурата на УЈП стои дека како ДДВ обврзници треба да се регистрираат оние лица кои заработуваат како вештаци, стечајни управници, потоа врз основа на наемнини, авторски договори, договори на дело, членување во надзорни одбори, земјоделска дејност. И тие, како и фирмите имаат право на поврат на ДДВ. Сепак, останува главната забелешка на стручната јавност дека сето ова се прави без соодветна кампања за информирање на граѓаните што остава многу отворени прашања.

Бранимир Јовановиќ данок ДДВ УЈП физички лица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.